Централна кооперативна банка за девет месеци оствари 23,2 милиони денари загуба

19

centralna-kooperativna-banka

Централна кооперативна банка од јануари до септември оваа година работеше со загуба од 23.211.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од минатата година, банката оствари загуба од 55.669.000 денари.

“Банката забележа пораст на кредитите за 18,67% во однос на септември 2015 година, но и пад на вложувањата во безризичните пласмани, што доведе до незначителен пад на приходите од камати од 0,78% во однос на истиот период минатата година. Одржувањето на нето – каматниот приход повисок за 9,16% во однос на нивото од претходниот период, Банката успеа да го оствари со прибирање извори на средства со пониска камата, при што расходите за камати  во третото тримесечје на годината се за 18,20% пониски во однос на истиот период минатата година. Подобрената кредитна активност и севкупниот зголемен обем на работа во платниот промет во земјата и во странство доведоа до пораст на позицијата нето – приходи од провизии и надоместоци и нивно надминување за 15,44% во однос на претходната 2015 година“, стои во Освртот кон работењето на банката.

Во третиот квартал од годината, како што се наведува, банката оствари позитивни нето – приходи од курсни разлики, кои се за 37,18% поголеми во однос на истиот период лани.