Централна кооперативна банка за шест месеци прикажа загуба од 21,7 милиони денари

108

centralna-kooperativna-banka

Централна кооперативна банка во текот на првите шест месеци од годината прикажа загуба од 21.777.000 денари, додека истиот период лани загубата изнесуваше 46.092.000 денари.

“Банката забележа пораст на кредитите за 20,86% во однос на јуни 2015 година, но континуираното намалување на активните каматни стапки во доменот на безризичните пласмани, доведе до пак на приходите од камати од 2,79% во однос на претходната година. Одржувањето на нето каматниот приход повисок за 6,35% во однос на нивото од претходната година, банката успеа да го оствари со прибирање извори на средства со пониска камата, при што расходите за камати во второто тримесечје на годината се за 18,82% пониски во однос на истиот период минатата година“, стои во Освртот кон работењето на банката за второто тримесечје од 2016 година.

Нето приходите од камати од јануари до јуни оваа година беа на ниво од 113.976.000 денари. Нето приходите, пак, од провизии и надоместоци имаа вредност од 36.106.000 денари.