Централните банки на земјите од Г20 ќе ги калибрираат зголемувањата на каматните стапки

56

Лидерите на водечките светски економии од Групата 20 (Г20) денеска објавија дека нивните централни банки ќе продолжат да го калибрираат (подеси) темпото на затегнување на монетарната политика, имајќи ја предвид потребата да се ограничат „прелевачките ефекти врз другите земји“.

Во соопштението се вели дека членките на Г20 ја потврдиле својата посветеност за избегнување на прекумерна нестабилност на девизниот курс, истовремено признавајќи дека „многу валути забележале значителни движења“ оваа година.

„Централните банки на Г-20… внимателно го следат влијанието на ценовните притисоци врз инфлациските очекувања и ќе продолжат соодветно да го калибрираат темпото на затегнување на монетарната политика врз основа на индикатори и со јасна образложение“, се додава.

Поради тековната загриженост во економиите во развој за влијанието што агресивното зголемување на каматните стапки во САД би можело да го има на нивните пазари, се забележува дека централните банки на Г20 ќе внимаваат на потребата да се ограничат негативните прелевања.

„Независноста на централните банки е клучна за постигнување на овие цели и зајакнување на кредибилитетот на монетарната политика“, се заклучува во соопштението.