Централните банки сакаат повеќе резерви во кинески јуан

35

Скоро една третина од централните банки во светот планираат да го зголемат портфолиото на резерви со кинески јуан, покажува истражувањето на лондонска консултантска куќа, со што се покажува влијателната улога на кинеската валута во глобалниот финансиски систем.

Во следните години околу 30% од централните банки планираат да го зголемат учеството на јуанот во резервите. Во претходното истражување, таков став имале 10% од централните банки.

Една петина од централните банки, опфатени со истражувањето, планираат да го намалат уделот на доларот, 18% од нив планираат истото да го направат и со резервите во евра, а 14% сакаат да го намалат портфолиото на државни обврзници на земјите членки на еврозоната.

Дури три четвртини од банките сметаат дека монетарната политика во овој момент има преголемо влијание на финансиските пазари.

Фото: Pexels