Централноевропска земја ги надмина Шпанија и Италија според БДП

49

Чешка веќе има поголем бруто домашен производ (БДП) по глава жител од две од најголемите економии на западна Европа, Италија и Шпанија.

Во последната година, БДП по глава жител достигна 38.120 долари, пресметан според паритетот на куповната моќ, според анализата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Но, треба да се земе предвид фактот што во овој случај податоците се за 2020 година, за време кога од пандемијата меѓу европските економии Шпанија и Италија беа најсилно погодени. Сепак, експертите од ММФ сметаат дека Чешка може да го задржи водството пред двете земји и по завршување на кризата, Prague morning.

Се очекува растот на земјата да продолжи и во следните неколку години. Така, според експертите, до 2025 година Чешка ќе може да ги надмине Нов Зеланд и Јапонија.

“Во Италија, според ММФ, годинашниот БДП по глава жител е 37.905 долари, а во Шпанија 36.086 долари“, рече Лукаш Кованда, главен економист во чешката банка Trinity Bank.

Според него, земјата успеала да ги престигне двете земји во пролетта оваа година во првиот бран на коронавирус.

“Нивниот економски пад, вклучително и БДП по глава жител, е потежок од оној на другите развиени економии, како и Чешка или Словачка“, додаде Кованда.

Фото: Pixabay