Црна Гора добива дигитална валута

113

Во Црна Гора е промовиран проект за воведување на stablecoin – дигитална валута чија вредност ќе биде фиксирана за еврото.

Почетокот на примената на дигиталната валута се очекува да биде во туризот, бидејќи Црна Гора како дестинација може на овој начин да стекне предност во однос на оние земји со слична понуда во коишто нема можност за таква валута, пренесуваат црногорските медиуми.

Оваа дигитална валута ќе може да ја користат сите граѓани, туристи и економски субјекти со едноставна замена за евра. Оваа конверзија на средства се нарекува токенизација, а вредноста што една единица од оваа дигитална валута ќе ја има ќе биде едно евро. Со други зборови, нема ризик од загуба на вредност во случај на пад на цените, како што е тоа случај со криптовалутите.

Идејата за создавање на дигитална валута во Црна Гора започнала пред три години.

Фото: Pexels