Дисбалансот во стоковата размена е голем проблем во економијата на Црна Гора, и оваа година, стопанствениците, за жал, не успеаја да најдат начин со подобра поврзаност на домашното производство и туризам барем малку да ја ублажат драстичната разлика во увозот и извозот, смета потпретседателот на Стопанската комора Иван Савељиќ.
Тој, во интервју за Дневне новине, вели дека нелојалната конкуренција е еден од најголемите проблеми, пренесува РТЦГ.
“И понатаму главен проблем во домашната економија останува дисбалансот во стоковата размена. Резултатите покажуваат дека покриеноста на увозот со извоз е 15%. Факт е дека туристичката сезона беше исклучително добра и остварен е суфицит во секторот услуги. За жал, сè уште не успеавме да најдеме начин со подобра поврзаност на домашното производство и туризмот да ја ублажиме драстичната разлика во увозот и извозот”, вели Савељиќ.