Црна Гора: Галеника под стечај поради долг од 2,6 милиони евра

88

Фото: Facebook

Институциите во Црна Гора започнаа стечајна постапка во фабриката за лекови Галеника Црна Гора поради долг за неплатен данок во висина од 2,61 милиони евра, пишува Vijesti.me.

Компанијата, исто така, на 60-те преостанати вработени им должи 11 заостанати нето плати и придонеси за пензиско осигурување.

Бразилската компанија EMS ја купи белградска Галеника во ноември 2017 година. Мнозински сопственик на Галеника Црна Гора со 75% сопственост е белградска Галеника, а остатокот е во државна сопственост.

Инаку, Галеника е фармацевтска компанија основана во 1945 година во Земун.