Црна Гора ги зголеми аеродромските такси, туристичките работници незадоволни

20

aerodrom

Одлуката на ЈП Аеродроми Црна Гора да ги зголеми патничките аеродромски такси од 15 на 17 евра не е добра и со тоа ја прави земјата помалку конкурентна на туристичкиот пазар, оценуваат туристичките работници за Побједа.

Претседателот на Црногорското туристичко здружение Жарко Радуловиќ за Побједа изјави дека било какво зголемување на цените во овој момент не е добро.

“Црна Гора е ‘островска’ земја, до неа брзо и без големи проблеми може да се дојде само со авион. Меѓутоа, авиопревозот е многу скап и тоа е лимитирачки фактор за развојот на земјата кога е туризмот во прашање. Зголемувањето на аеродромската такса за две евра дефинитивно ќе ги зголеми трошоците и ќе не направи помалку конкурентни на туристичкиот пазар. Тие две евра во овој момент нема да не спасат ниту пак ќе пропаднеме поради нив, но сигурен сум дека ова на подолг период може да произведе штетни последици”, вели Радуловиќ.