Црна Гора годинава ќе даде 13.190 работни дозволи за странци, најмногу во градежништвото

21

cg

Црногорската влада минатата недела одреди квота од 13.190 дозволи за привремен престој и работа на странци во 2017 година, соопшти министерот за труд и социјала, Кемал Пуришиќ, јавува РТЦГ.

Од тој број, 2.000 дозволи се издвојуваат за привремен престој и работа на странци кои Министерството може дополнитено да ги распореди за поедина намена во согласност со потребите на пазарот на барање на Заводот за вработување. За вработување на странци се утврдуваат 6.500 дозволи, 3.320 за сезонско вработување и за пружање договорени услуги 1.360.

“Од вкупно утврдениот број распоредени се 11.190 дозволи, најмногу во градежништвото, услугите сместување и исхрана, замјоделие, шумарство и рибарство, трговија на мало и големо, поправки на моторни возила и мотоцикли”, вели Пуришиќ.

Оваа година квотата е за 10,86% пониска од онаа во 2016, а намалувањето, според министерот, треба да придонесе за поголемо вработување на домашна работна сила.