Црна Гора има повеќе штедни книшки од жители

11

Во Црна Гора, според последните податоци, живеат нешто повеќе од 620.000 жители. Меѓутоа, интересен е податокот дека во оваа земја има скоро 140.000 штедни книшки повеќе од жители.

“Имајќи во предвид дека бројот на депоненти значително го надминува бројот на жители, јасно е дека еден депонент има депозити во повеќе банки. Ова е карактеристично и за правни и за физички лица”, вели за Дневне новине директорот на Фондот за заштита на депозити Предраг Марковиќ, пренесува РТЦГ.

Во банкарскиот систем на Црна Гора, според податоците на Фондот, има вкупно 758.706 депоненти, од кои 692.260 физички, а 66.446 правни лица.

“Вкупните депозити на крајот на септември изнесуваа околу 2,86 милијарди евра”, вели Марковиќ.

Во Црна Гора активно работат 15 банки.