Црна Гора ја доби ознаката Safe travels

7

Светскиот совет за туризам и патувања (World travel and tourism council – WTTC), што го претставува глобалниот приватен сектор на патувања и туризмот, на Црна Гора ѝ ја додели ознаката Safe Travels.

Станува збор за посебно дизајнирана ознака, којашто на патниците им овозможува да ги препознаат дестинациите и компаниите ширум светот кои ги усвоиле глобалните стандарди за здравствена и хигиенска заштита, како важен предуслов за патување во услови на пандемија, пренесува Café del Montenegro.

“Бидејќи спроведувањето и почитувањето на здравствените мерки претставува императив во целиот свет ние очекуваме преку оваа иницијатива да биде остварена интензивна соработка меѓу јавно – приватниот сектор заради заштита на здравјето на туристите и стекнување на нивната доверба, којашто ќе придонесе за закрепнување на туризмот и ќе овозможи негов натамошен развој на безбеден начин“, вели Желка Радак Кукавичиќ, директорка на Националната туристичка организација на Црна Гора.

Ваква ознака во Европа, покрај Црна Гора, имаат и Хрватска, Словенија, Бугарија, Португалија, Шпанија, Украина и Турција, како и 20 земји во САД, Африка, Блискиот исток и Пацифичка Азија.

Фото: WTTC