Црна Гора ја изнајми тврдината Мамула на 49 година – затворските ќелии ќе станат апартмани

40

Mamula

Црногорскиот министер за туризам Бранимир Гвозденовиќ и претседателот на египетско – швајцарската компанија Ораском, Самих Савирис, завчера потпишаа договор за издавање на 49 години на островот Ластавица со тврдината Мамула на влезот во бокакоторскиот залив, пишува Вијести.

mamula-1-660x318

Инвестицијата на Ораском е проценета на 15 милиони евра. Инвеститорот ја презема обврската Мамула да биде дестинација отворена за посети и да остане основниот облик на тврдината која порано била воен затвор. Планот на Ораском е остатоците од старата тврдина да ги догради во хотел, при што ќе го задржи основниот изглед на препознатливата градба, а старите затворски ќелии ќе ги претвори во апартмани. Планирано е да се направи луксузен хотел со пет ѕвезди, со 23 соби за сместување и една меморијална соба, односно музеј.