Црна Гора ја ограничува цената на белиот леб

65

Црногорската влада ја ограничи цената на белиот леб на 50 центи и одлучи 64.000 литри масло за јадење да ги подели на сиромашните граѓани со цел да се намали ударот врз животниот стандард.

Црна Гора во последните денови бележи раст на основните животни намирници, па потрошувачката кошница за четиричлено семејство се зголеми на 656,90 евра, а просечната плата е нешто повеќе од 500 евра.

Бруто домашниот производ на земјата минатата година се намали за 15,2%, најмногу поради влијание на пандемијата врз туризмот што чини една петина од националната економија.

Според прогнозите на Европската банка за обнова и развој, Црна Гора би требало годинава да оствари раст од 8,5%.

Фото: Pexels