Црна Гора ќе добие уште три банки следната година

19

banka

Во јануари следната година, во Црна Гора ќе почнат со работа уште две банки и една микрокредитна институција, додека лиценцата за Зират банка се очекува најдоцна во јуни, дознава Побједа, пренесуваат црногорските медиуми.

Според неофицијалните податоци на Побједа, Централната банка ја завршила проверката за двете банки. Основач на едната од нив е украински капитал, а втората ја формира козорциум од Швајцарија и Велика Британија. Завршени се проверките и за микрокредитната институција, зад која стои домашен капитал.

Во Црна Гора засега работат 12 банки.