Црна Гора ќе привлекува инвестиции со економски пасош

44

cg-580x387

Владата на Црна Гора подготвува проект за економско државјанство поради привлекување на инвеститори кои би вложиле најнапред во северниот регион, но сè уште не е прецизиран датумот за негово започнување, потврдуваат индиректно од Владата за Вијести.

Идејата за добивање економски пасош ја поддржуваат и Советот на странски инвеститори и Стопанската комора. Сметаат дека тоа ќе донесе нови странски инвестиции, но дека претходно е потребно јасно да се дефинираат критериумите по кои би се давало такво државјанство.

Владата на Црна Гора во 2010 година започна програма за економско државјанство со којa беше предвидено да им понуди пасош на сите што ќе инвестираат минимум половина милион евра од кои дел би се уплатил директно во буџетot. Од ова се откажа на барање на Европската унија.