Црна Гора можеби ќе воведе хидроавионски превоз

21

hidroavion-pixabay

Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора во текот на оваа година ќе подготви Студија за изводливост на проектот Развој на хидроавионски превоз во Црна Гора, пишува порталот Аналитика.

Студијата треба да даде одговор на прашањето дали во Црна Гора е оправдано воведување на овој вид на превоз што постои во сите медитерански земји.

Основна предност на хидроавионите е тоа што може да се употребуваат таму каде што има доволно голема водена површина. Од една страна, мора да имаат доволна пловност да може да се одржуваат на вода, а од друга страна треба да бидат аеродинамични за да развијат брзина којашто е неопходна за полетување. Управувањето со овој вид на авиони бара посебни вештини од пилотите.