Најмногу работници минатата година во Црна Гора биле вработени во трговија, дејности на пружање услуги сместување и исхрана и градежништво, покажува анкетата што ја спроведе Заводот за вработување на примерок од 769 работодавачи со 26.576 вработени од сите општини и сите дејности, пишува Дневне новине, пренесува РТЦГ.
Анкетираните работодавачи минатата година на краток или долг рок вработиле 5.537 лица, што е 20,8% од вкупниот број вработени кај нив. Повеќе од половината (51,6%) се ангажирани во угостителство, трговија и градежништво. Работодавачите најмногу барале работници со средно стручно образование (63,7%), а најмногу се вработени во мали (30,2%) и микро (16,4%) фирми, па потоа во големи (14,16%).
Како главно ограничување за развој на бизнисот, работодавачите ги наведуваат потешкотиите во обезбедување финансиски средства и високите каматни стапки на кредитите, потоа потешкотии со наоѓање пазар и обезбедување на адекватна работна сила.