Црна Гора направи список на фирми што ќе се приватизираат во 2016 година

26

montenegro-airlines-556x370

Советот за приватизација и капитални проекти на Црна Гора ја утврди Предлог одлуката за планот за приватизација за 2016 и ја упати на усвојување во Владата, стои во соопштението објавено на интернет страната на црногорската влада.

Со одлуката се утврдени целите и методите на приватизацијата, списокот на фирми и процентот на акциски капитал за приватизација, условите и роковите за нивна реализација, како и локалитетите коишто туристички ќе се валоризираат.

Одлучено е планот да биде реализиран преку тендерска продажба на акциски капитал, модел на приватно – јавно партнерство и продажба на акции на државни фондови на берза.

Со одлуката е предвидено да се продолжи со спроведување на веќе објавените тендери за Институт др. Симо Милошевиќ – Игало и Нови дувански комбинат – Подгорица. Ќе се спроведат тендери за приватизација на Монтекарго, Монтенегро ерлајнс, Марина Бар, Пристаниште Бар, Будванска ривиера, Улцињска ривиера и Институтот за црна металургија Никшиќ.