Црна Гора не би сакала да ѝ се повтори оваа туристичка сезона

32

Во Црна Гора во август, во колективните сместувачки капацитети, се остварени 60.380 посети на туристи, што е 72,7% помалку во однос на истиот период минатата година, пренесуваат црногорските медиуми.

Во август се остварени 280.540 ноќевања, што е 73,2% помалку во однос на истиот период минатата година.

“Од вкупниот број на ноќевања во колективно сместување, 68,5% се странски, а 31,5% се домашни туристи“, покажуваат податоците од тамошниот завод за статистика, Монстат.

Од јануари до август годинава се остварени 77,9% помалку посети и 80,9% помалку ноќевања на туристи одошто во истиот период лани.

Колективното сместување не го вклучува индивидуалното или таканаречено приватно сместување во апартмани и куќи за изнајмување, туку се однесува само на хотели, одморалишта, мотели, пансиони, туристички населби, хостели и кампови.

Фото: Pixabay