Црна Гора не прифати да го продаде Montenegro Airlines за едно евро

36

Министерот за капитални инвестиции на Црна Гора, Младен Бојаниќ се заблагодарил на понудата од Групацијата Савана во врска со решавање на прашањето со националниот авиопревозник, Montenegro Airlines, објаснувајќи дека понудата е невозможно да се прифати. Тоа е така бидејќи со отписот на долгови кон државата се кршат одредени законски одредби.

Бојаниќ, како што пренесуваат црногорските медиуми, порачал дека ако првиот човек на групацијата, Веселин Мијач, има некое законско решение, тогаш тоа ќе го разгледаат во најбрз можен рок.

Министерот оценил дека проблемот со Montenegro Airlines во прв ред е правен, а потоа и економски, социјален, политички и национален.

“Агенција за заштита на конкуренцијата со Решение од 03.09.2020 година ја запре секоја државна помош за Montenegro Airlines. Конечната одлука сè уште не е донесена, но извесно е дека ќе биде негативна, што води кон постапка за враќање на државата на веќе одобрените средства на компанијата Montenegro Airlines, а се работи за износ од над 40 милиони евра“, навел Бојаниќ.

Министерот смета дека отписот на долгот кон државата и продажба за едно евро на приватен инвеститор не е опција што во овој момент законот ја дозволува.

Фото: Facebook