
По целосното закрепнување на компаниите за крстарења од застојот за време на пандемијата, се очекува до октомври во црногорските пристаништа Котор и Бар да се вкотват околу 500 бродови, а со нив и повеќе од половина милион туристи.
Во првите пет месеци од тековната година во Котор впловија 95 бродови со повеќе од 103.000 патници, јавува Сеебиз. Минатата година имало 434 пристигнувања со 418.000 патници, додека 2019 година завршила со 432 пристигнувања и повеќе од 560.000 патници.
Според надлежните од Которското пристаниште, годинава бележи тренд на раст во категоријата пристигнувања на бродови и бројот на патници во однос на минатата година и е на исто ниво како и во 2019 година. Помалиот број на патници минатата година е резултат на одржување на одредени мерки во рамките на протоколот за пандемијата, кој во меѓувреме е деактивиран.
Пристигнувањата се најавени за цела година, а најинтензивен период е од април до октомври. Крстосарската индустрија е многу важна за Црна Гора, особено за Котор, Будва и Цетиње и претрпува голема експанзија, што значи стабилност во услугите.
Од Которското пристаниште посочуваат дека што поскоро треба да се изработи студија за одржливост за градот да може да прими голем број туристи без да влијае на животот на жителите. Исто така, отворањето на жичарницата од Котор до Ловќен, што беше најавено за лето, треба да го зголеми интересот за пристигнување на уште повеќе бродови.