Црна Гора: Од 22 јули рекламација и на половна стока

59

polovna

Законот за заштита на потрошувачи, во Црна Гора почнува да се применува од 22 јули годинава и спаѓа во групата најнапредни закони кои ќе овозможат голема заштита на потрошувачите, порача директорот на Директоратот за развој на национален бренд и заштита на потрошувачите, Јово Рабреновиќ, пишува Побједа.

Законот на потрошувачите им нуди низа поволности, меѓу кои е и рекламација дури и на половни производи – од технички уреди до автомобили.

“Минималната гаранција на половните производи ќе биде една година. Ќе може да се изврши рекламација без сметка за купената стока, на основа на фискалната сметка од касата. Со Законот е регулирано со кого потрошувачите ќе можат да ги остварат своите права. Арбитражниот одбор, кој ќе биде формиран до крајот на јули и ќе биде во состав на Стопанската комора на Црна Гора, ќе ги решава споровите меѓу потрошувачите и трговците”, објаснува Рабреновиќ.