Компанијата Delta City, која што управува со истоимениот трговски центар во Подгорица, соопшти дека нивните закупци, за три месеци колку што е на сила Законот за внатрешна трговија (со којшто неделата и државните празници се неработни денови), имаат пад на прометот од 18% од прометот и веќе се отпуштени повеќе од 80 вработени.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, падот на прометот се однесува на малопродажба на модни брендови, што не е случај со супермаркетите.
“Досега над 80 луѓе останаа без работа. Оваа бројка ќе се зголемува како што тече процесот на оптимизација на работните места. Она што предлагачите на овој закон не зеле предвид е специфичноста на трговските центри, коишто се дел од туристичката понуда на секоја дестинација, во овој случај на Подгорица“, велат од компанијата.
Бидејќи е ставен клуч на трговските центри во недела, жителите на Подгорица одат на шопинг во Скадар, Требиње и Дубровник, каде продавниците и бутиците работат и во недела.
Фото: Pexels