Црна Гора планира да ги забрани пластичните кеси

23

Секој жител на Црна Гора годишно во просек искористува од 400 до 600 пластични кеси, пишува Bankar.me.

“Секој жител на Црна Гора годишно во просек искористува од 400 до 600 пластични кеси. Ниту една од тие кеси не се рециклира во Црна Гора, најчесто завршува во природата. Тоа се податоци што треба да нè опоменат“, вели Павле Радуловиќ, министер за одржлив развој и туризам на Црна Гора.

Тој најавува забрана за употреба на пластични кеси и воведување на кауција за РЕТ амбалажа.

За еден просечен Црногорец, како што се наведува, не може да се замисли еден ден без пластични кеси.

“Голем број потрошувачи прилично негативно изреагираа на наплата на кесите, што трае, не се навикнати на тоа, па сме принудени да им обезбедиме и помали кеси што не се наплаќаат“, вели Оливера Шушкавчевиќ, задолжена за односи со јавност на еден трговски синџир.

Наплатата на кесите граѓаните повеќе ја доживуваат како удар на нивниот буџет, отколку како придонес за заштита на животната средина.