Почетна Новости Црна Гора: По влезот во НАТО инвестирани 1,2 милијарди долари

Црна Гора: По влезот во НАТО инвестирани 1,2 милијарди долари

45

Во Црна Гора за 20 месеци инвестирани се над 1,2 милијарди долари, изјави извршниот директор на Советот на странски инвеститори, Иван Радуловиќ, додавајќи дека пандемијата го забави, но не го запре приливот на странски директни инвестиции.

“Пандемијата на коронавирусот резултираше со обемни социоекономски влијанија, изложувајќи значителен број компании на ризик да стават крај на нивното работење. Кризата особено ги погоди малите и средни претпријатија и нивните вработени“, рече Радуловиќ во интервју за Dnevne novine.

Одговарајќи на прашањето колку влегувањето на Црна Гора во НАТО придонесе за позицијата на земјата пред инвеститорите како земја во која инвестициите се безбедни, тој рече дека откако Црна Гора стана полноправна членка на НАТО во 2017 година, има значително зголемување на приливот на странски директни инвестиции.

“Официјалните податоци за 2018 година покажуваат дека скоро половина од странските директни инвестиции во 2018 година дошле од земјите членки на НАТО“, додаде Радуловиќ.

Според прелиминарните податоци на Централната банка, 506,8 милиони евра биле слеани во Црна Гора во првите девет месеци од минатата година.

“Ако на тоа додадеме дека приливот на странски инвестиции во текот на 2019 година изнесуваше 778 милиони евра, доаѓаме до податоците дека во нашата земја се инвестирани над 1,2 милијарди американски долари за 20 месеци“, рече Радуловиќ.

Фото: Pixabay