Црна Гора почнува со истражување нафта и гас во Јадранот

53

cg

Црна Гора вчера потпиша договор за концесија за производство на јаглеводороди во црногорското подморје со италијанско – рускиот конзорциум Ени – Новатек, со што по седум години подготовка може да почне истражувањето на нафта и гас, јавува РТЦГ.

Според црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, пронаоѓањето на комерцијални резерви нафта и гас би поставило темели на потполно нова индустрија во оваа земја, којашто би придонела за побрз вкупен економски раст.

За еколозите, потрагата за нафта во црногорските води е “смртна пресуда”.