Црногорскиот оператор на пазарот на електрична енергија Cotte, црногорскиот оператор за пренос CGES и црногорското електростопанство EPCG се подготвуваат да потпишат договор за основање на фирма со заедничка одговорност, која би била одговорна за воспоставување на берза на електрична енергија во Црна Гора, пишува Energetika-net.
Берзи на електрична енергија веќе имаат Словенија, Србија и Хрватска. Берзите во Србија и Хрватска со работа стартуваа на почетокот на оваа година. Словенечката берза работи од 2008 година и има најголем волумен на тргување и најдобра поврзаност со околните пазари.