Црна Гора продава акции во компаниите Luka Bar и Montecargo

168

luka bar

Црногорскиот совет за приватизација објави меѓународен тендер за приватизација на 30% на акциите на пристаништето Luka Bar и 51% од акциите на Montecargo, јавува РТЦГ.

На продажба се понудени 17 милиони државни акции во Luka Bar со номинална вредност од 1,2 евра по акција, а рокот на доставување на понудите е први декември. Понудувачот треба да уплати депозит и достави гаранција од 200.000 евра. За државните акции на Montecargo на инвеститорите им се понудени 1,2 милиони државни акции со номинална вредност од 5,2 евра и депозит од 200.000 евра, а рокот за доставување на понудите е осми декември.

Претседателот на тендерската комисија, Бранко Вујовиќ, изјави дека за овие две компании се заинтересирани инвеститори од неколку земји меѓу кои Полска, Кина и Турција и дека станува збор за компании со слична дејност.