Црна Гора се надева дека ќе најде гас, влегува во втората фаза на истражување

99

Црна Гора има големи шанси да го добие својот природен гас, јавуваат црногорските медиуми.

Државниот секретар во Министерството за капитални инвестиции на Црна Гора, Марко Перуновиќ изјави дека втората фаза од истражувањето на црногорското подморје и потрагата по природен гас треба да започне на почетокот на летото.

Тој рече дека на владината седница бил усвоен анекс на договорот, со кој грчката компанија Energean и дала уште четири месеци да претстави нов партнер со кој ќе влезе во проектот за дополнително дупчење и истражување на гас. Претходниот рок за таа компанија беше 15 март годинава,

„Имаме големи шанси да го добиеме нашиот природен гас“, изјави Перуновиќ за ТВЦГ.

Истражувањата извршени во исто време за откривање нафта наидоа на потешкотии откако беше утврдено дека е сув бунар на брегот меѓу Бар и Улцињ, каде што истражува конзорциумот Ени-Новатек.

После тоа, стивна оптимизмот на властите кои претходно најавуваа дека Црна Гора ќе најде нафта.