Црна Гора: Скоро 72% од младите живеат со родителите

28

Фото: Pixabay

Скоро 72% од младите во Црна Гора живеат со своите родители, меѓу нив и огромен број од оние кои имаат постојана работа и се на возраст од околу 30 години, пренесува Bankar.me.

Оние кои живеат со родителите сметаат дека тоа е наједноставно и најповолно решение, а една третина од испитаниците на тамошниот Центар за граѓанско образование, сметаат дека би се иселиле доколку финансиските прилики им го овозможат тоа.

Најстарата група на млади, од 26 до 29 години, што би можела да биде станбено независна, да живее во домот на родителите од над 62%, додека само 6% живеат во дом што го купиле сами или со својот партнер.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека со статусот на вработеност се зголемува станбена независност. Оние кои се вработени, често живеат самостојно, иако има висок процент од 56,5% кои сè уште живеат во домот на родителите.