Црна Гора со највисока јануарска плата од 28.300 евра

11

crna-goraФото: Pixabay

Највисоката плата исплатена во јануари во Црна Гора изнесува 28.361 евро бруто или 16.024 евра нето, пишува Bankar.me. Токму оваа сума била исплатена на работник во секторот продажба на големо на делови и опрема за моторни возила.

Според податоците на државната статистика, највисоката бруто заработка во текот на изминатата 2017 година во Црна Гора била во висина од 78.155 евра бруто или 44.157 евра нето.

Сепак, просечната бруто плата во Црна Гора во јануари останува една од највисоките во регионот и изнесува 767 евра бруто или 511 евра нето.