Црна Гора со пилот програма за модернизација на индустријата

25

industrija

Министерството за економија на Црна Гора распиша јавен повик за учество во пилот програма за поддршка за модернизација на индустријата, којашто ќе трае додека да се потрошат расположивите средства од 100.000 евра, односно најдоцна до 25 декември оваа година, јавува РТЦГ.

Повикот е наменет за претпријатија од преработувачката индустрија, како што се производство на прехранбени производи, текстилна, дрвна, фармацевтска, метална индустрија…

Пилот програмата опфаќа субвенционирање на оправдани трошоци за набавка на опрема од 20% за претприемачи, микро и мали претпријатија, односно 10% за средни претпријатија, без ДДВ.