Црна Гора со закон предвидува работа од дома

62

Владата на Црна Гора утврди предлог закон за работа, според којшто, меѓу останатото, се предвидува и работа од дома и работа на далечина, пишува Al Jazeera Balkans.

Црногорскиот министер за труд и социјални прашања, Кемал Пуришиќ, рекол дека во прашање е модерен закон, којшто е усогласен со релевантното европско законодавство.

“Новиот закон предвидува договор за работа надвор од просториите на работодавачот – работа на далечина, работа од дома и работа во домаќинство, како посебен вид на договор за работ, потоа заклучување на договор за работа преку агенција за привремено вработување, но не подолго од 24 месеци“, рекол Пуришиќ.

Подготовките на овој закон траеле скоро три години, додека консултациите со Европската комисија година и пол.

Фото: Pexels