Црна Гора: Странците држат 38% од богатството

24

Анализата на нето меѓународната позиција за инвестиции покажува дека вкупното богатство на Црна Гора изнесува околу 20,8 милијарди евра, од кои 38% се во сопственост на странци, се наведува во Нацрт програмата за економски реформи (PER) за период од 2020 до 2022 година.

Како што е објаснето во документот, оваа калкулација и анализа направена е во Министерството за финансии на основа на извештајот на Credit suisse wealth report и Capital in the Twenty-First Century-Thomas Piketty.

Голем дел од странската сопственост може да допринесе за значителен трансфер на технологија и знаење, но од друга страна може да биде извор на политичка нестабилност, предупредува владата.

Фото: Pexels