Црна Гора во август ќе знае дали има резерви со нафта

78

Досегашното бушење на црногорското подморје во потрага по нафта и гас покажа дека геолошките прогнози за формации, изработени со интерпретација на сеизмички податоци, се точни, соопштуваат од тамошното Министерство за капитални инвестиции.

Претставници од тој сектор се надеваат дека така ќе биде до крајот на бушењето, коешто, како што е најавено, ќе трае уште пет месеци.

“Бушењето се одвива според план и програма. Се прави контролно бушење за да се овозможи чистење на каналите, како и детално снимање за да се добијат значајни податоци за формациите. Во овој момeнт се буши канал за поставување втора колона“, велат од црногорското министерство за тамошните медиуми.

Постројката Topaz Driller, што во Црна Гора пристигна од Малта, почна со бушење на 25-ти март. За пет месеци, поточно до крајот на август, ќе се знае дали во морето има значајни резерви.

Првото истражување на нафта и гас во црногорското подморје е дадено на италијанско – руски концерн, со којшто владата пред пет години потпишан договор.

Фото: Pexels