Црна Гора воведува економско државјанство?

56

cg

Црна Гора ја разгледува можноста за воведување на економско државјанство, а оваа поволност би била наменета за странските инвеститори, пишува Викенд новине повикувајќи се на неименувани извори од врвот на црногорската влада, пренесува еКапија.

Изворот наведува дека е одбиена можноста за воведување на т.н. златни визи, програма која би им овозможила на странските државјани со купување на една или повеќе недвижнини во вредност на точно утврдена граница, да добијат дозвола за престој во Црна Гора.

Програмите за олеснување за прием во државјанство на странски инвеститори не е нешто ново и постои во повеќе држави, како САД, Шпанија и Велика Британија.