Црна Гора: За 96% помалку приходи од туризам во јули

Приходите од туризам во Црна Гора во јули оваа година се околу 10 милиони евра, за разлика од истиот месец лани, кога беа 280 милиони евра, што претставува пад за 96%, пишува Vijesti.me.

Ова е досегашната проценка од туристичкиот сектор, а официјално сè уште се чекаат податоци.

Според информациите на Vijesti, не е намален само бројот на туристи за 92%, туку и бројот на ноќевања е намален од 6,5 на четири, а просечната дневна потрошувачка се намали од 77 на помалку од 50 евра.

Минатата година во јули во сите видови на сместување се остварени околу 3,7 милиони ноќевања, додека оваа година се сведува на бројка од околу 200.000.

Вкупниот приход од туризам, којшто е значајна ставка во бруто домашниот производ на Црна Гора, се пресметува како производ меѓу бројот на ноќевања и просечната дневна потрошувачка.

Фото: Freepik