Како што стојат работите, само една година ја дели Европската унија (ЕУ) од моментот кога сите новопроизведени возила за европскиот пазар ќе мора да имаат Event data recorder, т.н. црна кутија. Од 2024 година, сите возила регистрирани за прв пат ќе мора да имаат идентичен уред, пишува Јутарњи лист.
Ова е регулатива донесена од ЕУ во 2019 година, со која, меѓу другото, се одлучи дека сите ново произведени возила од мај 2022 година нема да можат да бидат регистрирани или хомологирани доколку немаат уред за запишување на податоци во случај на несреќа.
Со помош на тој уред, треба да биде многу полесно да се реконструира како се случила сообраќајната несреќа, да се утврдат точните причини или виновниците, подобро да се разбере како се случиле повредите на учесниците во несреќата, и јасно е дека податоците од црните кутии би биле од корист за осигурителните компании.
Фото: Pixabay