Црногорци се вакцинираат во Србија за 70 евра

29

Некои граѓани на Црна Гора веќе се вакцинирани против коронавирус во Србија, каде платиле околу 70 евра за првите дози на кинеската вакцина Sinopharm, пишува Vijesti.

Властите во црногорскиот здравствен систем не го знаат датумот на пристигнување на првите дози, но тие тврдат дека имунизацијата ќе започне на крајот на јануари или почетокот на февруари.

Mинистерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Бојовиќ соопшти дека е потпишан договор со Sinopharm за 150.000 вакцини, дека ќе пристигнат 50.000 дози руски вакцини, а  потпишан е и договор за набавка на вакцината Pfizer/ BioNTech.

Фото: Pixabay