Црногорците не ги користат сефовите во банките

18

banka sef

Граѓаните на Црна Гора ретко користат закуп на сеф како вид на услуга што се нуди во банките, иако процедурата на чекање за добивање на сеф е прилично едноставна, јавува РТЦГ повикувајќи се на Викенд новине.

Портпаролот на НЛБ, Александар Вукотиќ, вели дека на клиентите повеќе им одговара чувањето пари на сметка и затоа сефовите во оваа банка не се популарни.

Поради слабиот интерес, оваа услуга не може да се најде во сите банки, односно некои банки во Црна Гора воопшто и не ја нудат. Но, тоа не е случај во Societe Generale Montenegro банката, каде има голем интерес за закуп на сефови.

Цената на сефот зависи од големината. Закупот според големината на сефот се движи од 14 до 27 евра месечно.