Црногорските бизнисмени бараат укинување на неработна недела до почеток на летната сезона

33

Неработната недела е популистичка мерка и треба да се укине до почетокот на летната сезона, соопштија црногорски бизнисмени кои се сретнаа со вицепремиерот Дритан Абазовиќ и министрите за капитални инвестиции Младен Бојаниќ, за економски развој Јаков Милатовиќ и земјоделство, шумарство и водостопанство, Александар Стијовиќ.

Сопственикот на компанијата Donator, Зоран Булатовиќ, како и директорот на Ekspo, Љубомир Шчепановиќ сметаат дека работната недела мора да се врати.

“Во претстојната туристичка сезона не може да влеземе без тоа. Тоа би значело помал приход за сите нас. Закон за неработна недела не е во прилог и за извозот на Црна Гора и туризмот од кого сите зависиме. Неработната работна недела значи  многу неработни дена во една година, а тоа е помалку приход во буџетот на државата“, рече Булатовиќ.

Неговото мислење го дели и сопственикот на Ekspo.

“Неработната недела е популистичка мерка. Нашите вработени имаат слободни денови, а со оваа мерка државата не оштети. Изгубивме 6,5 милиони евра поради тоа“, рече Шчепановиќ.

Фото:Freepik