“Црното коњче“, повторно е најмоќен бренд во светот

224

“Црното коњче“ повторно е најмоќниот бренд во светот, успевајќи да се бори против конкуренцијата од 500 брендови со најголемата економска вредност. Втора година по ред Ferrari се закити со титулата најсилен бренд на светот. Ова го покажува годишното рангирање на Brand Finance Global 500. Очекувано доделен им е најсилен ААА+ ранг, а вкупната оцена изнесува 94,1 од 100.

Зад Ferrari е Disney со оценка 93,9 додека третото место го зазема кинески WeChat 92,9. Во топ 10 на оваа листа се: Sberbank со оцена 91,6, Deloitte 91,4, Coca Cola 90,9, Tencent 89,8, Rolex и PWC со оцена 89,8, а PayPal со оценка 89,7.

Вредноста на Ferrari порасна за 9%, а во целиот раст голема улога имаат новите модели SF90 Stradale и Ferrari Roma, два нови модели преку кои Ferrari дополнително го шири својот потенцијален круг на клиенти. Освен тоа, постигнат е договор и со Giorgio Armani Group  за пласирање на Ferrari колекција која дополнително го зајакнува брендот.

Наскоро на пазарот ќе се појави и првиот Ferrari SUV и веројатно и тоа ќе ја зацврсти неговата позиција.

Фото: Pexels