Црвениот кромид спречува опаѓање на косата

22

kromid-pexels

Фото: Pexels

Црвениот кромид освен што е задолжителна намирница во многу салати и јадења, тој исто така помага за растот на косата и го спречува нејзиното опаѓање.

Особено добар е серумот од овој зеленчук, којшто е многу лесен за подготовка. Сè што ви е потребно за него го имате во вашата кујна.

Се подготвува на тој начин што најпрво треба да го иситните кромидот во блендер. Потоа, смесата ја ставате во чиста газа и го цедите сокот.

Течноста ставете ја во празно шишенце на распрскување (од дезодоранс или слично). Нанесете од него по целата глава.

Доколку немате такво шишенце нанесувањето може да го направите со четка, како при бојадисување на косата. Масирајте го темето со нанесениот серум пет минути и оставете го на главата уште 20 минути.

Третманот практикувајте го два до три пати неделно.