Црвените двокатни автобуси во Лондон ќе користат био – гориво од остатоци од кафе

34

london-2928889_960_720

Фото: Pixabay

Препознатливите црвени двокатни автобуси, едно од обележјата на Лондон, наскоро ќе користат гориво добиено од остатоци од кафе, пишува Independent. Проектот е дело на Bio – bean, лондонска компанија којашто заедно со Shell ќе пробаат, со помош на био – гориво, да ги намалат штетните емисии од воздухот. Планирано е компанијата да произведува 6.000 литри годишно од овој вид на гориво.

Bio – bean склучи партнерство со многу кафетерии низ Велика Британија од каде што ќе го собира искористеното кафе. Истото потоа ќе биде преработено како био – гориво во фабриката на компанијата близу Кембриџ, каде финалниот производ ќе биде помешан со 20% обично дизел гориво.

Горивото потоа ќе биде транспортирано во централата во Лондон каде се полнат автобусите.

Сè повеќе и повеќе компании се фокусираат на производство на био – горива од отпад како на пример отпадно масло за готвење и растенија што не се јадат. Од некои житарки како пченка и шеќерна трска се добива етанол погоден за горење и се користи во некои делови од САД и Јужна Америка.