Еден клиент доживеал непријатно изненадување кога ги отворил познатите бисквити на „Краш“ и видел црви внатре.
За се го известил здружението на потрошувачи „Ало, инспекторе“, кое преку својата Фејсбук страница веднаш ја информирало јавноста за случајот и му поставило прашање на „Краш“.
– За „Специјални моменти“ – Убави црви!? Прекрасни колачиња со фил за нугат. Оригинално пакување. Неоштетено пакување. Рокот е точен. Април 2025. Купено во Плодине. Директно од полицата. Ветувачка порака на амбалажата: „Посебните моменти заслужуваат да се одбележат со незаборавен вкус“, стои во објавата.