Цукерберг ги претрка Ворен Бафет и Бернар Арно

72

Некој е победник, а некој губитник, но сега на сите им е јасно дека технолошките компании “најдобро поминаа“, бидејќи се фокусирани на онлајн свет, гејминг, забава, социјални медиуми.

Еден од оние кои претрпeа голем број економски удари секако е Ворен Бафет, чија компанија Berkshire Hathaway ги продаде своите акции од четири најголеми американски авио компании и остана “покуса“ за 50 милијарди долари.

Од друга страна пак, основачот на Facebook, Марк Цукерберг, не е загрозен од корона кризата, па за време на карантинот акциите на популарната социјална мрежа пораснаа.

Според индексот на Bloomberg, Цукерберг зад себе сега ги остави не само Бафет, туку и Бернар Арно, претседател и извршен директор на Louis Vuitton.

Најновите листи го велат следново: Нето вредноста на Марк Цукерберг во моментов изнесува 87,8 милијарди долари, потоа е Арно со 81,1 милијарда и на крајот е Бафет со 68,9 милијарди долари.

Пред само една година, ситуацијата беше поразлична. Најмладиот од тројцата имаше богатство од 72,5 милијарди долари. Арно располагаше со 89,6 милијарди, а Бафет со 83,5 милијарди долари. До пред еден месец и Арно и Бафет подобро котираа од Цукерберг.

Цукерберг во април имаше 68,1 милијарда, а Бафет 74,3 милијарди долари. Арно беше со 80,2 милијарди долари.

Фото:Facebook