Цукерберг ја купи својата прва јахта: Импресивниот брод вреди 293 милиони долари

56

Марк Цукерберг ја купи својата прва јахта долга 118 метри, а со неа и придружниот брод долг 67 метри. За овие два пловила издвоил 323 милиони долари.

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, купи луксузна јахта вредна 293 милиони долари и придружен брод во вредност од 30 милиони долари. Иако во медиумите се пишуваше дека јахтата „Улис“ ја набавил во 2018 година, тоа беше дезинформација, а тој до сега немал јахта.

Јахтата изградена во 2022 година во холандското бродоградилиште Feadship го доби името Launchpad. Првично беше наменетa за рускиот олигарх Владимир Потанин, кој мораше да ja продаде поради санкциите. До купувањето на Цукерберг, таа никогаш не го напуштила бродоградилиштето. Дизајнирана е да прими 24 гости и е 45-та најголема јахта во светот.

Цукерберг за дополнителни 30 милиони долари го купил бродот Дапл, кој го преименувал во Вингман.