Цукерберг ќе отвора канцеларии во Кина

31

Facebook си обезбеди дозвола да отвори свои канцеларии во Кина во обид да влезе на пазар каде неговата веб страна е блокирана пишува BBC.

Од компанијата велат дека тоа ќе биде иновативен хаб којшто ќе ги поддржува кинеските програмери, иноватори и стартапи.

Штом канцеларијата ќе се отвори ќе биде првото официјално присуство на компанијата во Кина.

Земјата е најголемиот пазар за социјални медиуми, иако не дозволува пристап на Twitter, Facebook и YouTube.

Кинеските корисници можат само да пристапат на домашните социјални медиуми како Weibo, Renren и YouKu, коишто се контролирани од тамошните власти.

Според информациите од Reuters и New York Times, канцелариите ќе се наоѓаат во Хангжу, град во јужниот дел на Кина, а инвестицијата ќе чини 40 милиони долари.