ТТК Банка ги намали каматните стапки на депозитите на физичките и правните лица

18

Со важност од 7.5.2018 година, во согласност со пазарните услови, ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на депозитите на физичките и правните лица, стои во соопштението на банката.

ТТК Банка ги намали каматните стапки на депозитите на физички лица во денари и евра од 0,01 до 0,25 процентни поени и на депозитите на правни лица во денари од 0,02 до 0,45 процентни промени. Новите каматни стапки се со важност од 7.5.2018 година.

Новите каматни стапки на депозитните производи за физички лица се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити. Кај постојните договори за депозити со фиксна каматна стапка, важечката каматна стапка ќе се применува на датумот на реорочување на договорот.

Новите каматни стапки на депозитните производи за правни лица се однесуваат за новосклучени договори за депозити.

Новите каматни стапки се објавени кај секој депозитен производ на интернет-страницата на ТТК Банка, како и на огласните табли во експозитурите и во филијалите.